[ФОТО] Ова е семејството кое загина во пожарот во Нови Сад: Цел град е завиен во црно – Живееле скромно, ова е трагедија од невидени размери!

Точка

23/08/2024

10:38

8.270

Големина на фонт

а а а

Маја С.(23), Данијел А.(29) и нивните четири деца на старост од две, четири, пет и седум години загинаа во голем пожар што избувна во нивната куќа во населбата Салајка во Нови Сад.

Според српско МВР, постои сомнеж дека пожарот го предизвикал скутер кој бил приклучен на електричната мрежа.


„Маја и Даниел живееја скромно, собираа секундарни суровини. Од утрово цел град е во молк, завиен во црно по ваква трагедија! Ова никогаш не се случило, не можеме да си дојдеме на себе и веројатно уште долго ќе бидеме во состојба на шок. Сега треба да ги подготвуваме погребите, сето ова е страшно“, велат соседите за српски „Курир“.


До нив живеел таткото на Маја, кој се обидел да го сруши со боздоган ѕидот кој ги делел, но не успеал да ги спаси.


„Тие врескале и молеле за помош, а несреќниот човек удирал со сета сила, обидувајќи се да го урне ѕидот и да ги спаси од пламените јазици. Во еден момент ништо повеќе не се слушало, ниту еден глас и тогаш знаел дека сè е готово, дека сите се мртви. Тоа што се случи е страшно, невидена трагедија“, зборувале за „Курир“ шокираните соседи.


Припадници на Управата за вонредни ситуации, девет пожарникари со две возила го изгаснале пожарот, а полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото на настанот.




Телата на жртвите се пренесени на обдукција во Центарот за судска медицина, а припадниците на МВР интензивно работат на утврдување на сите околности на овој трагичен настан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг