[ВИДЕО] Ѕидар спаси момче кое висеше од втор кат на зграда во Шпанија: драматичната снимка го обиколи светот

Макфакс

22/08/2024

22:17

1.303

Големина на фонт

а а а

Драматична сцена е снимена во градот Аликанте на југоистокот на Шпанија, каде ѕидарот Фелипе Давид (29) спасил млад живот.

Се започнало кога случајни минувачи забележале момче како виси на терасата од вториот кат на зградата. Го молеле да се врати во станот, повикале помош, но залудно.

Викотниците ги слушнал храбар ѕидар по потекло од Бразил, кој излегол преку прозорец, а потоа внимателно дошол до детето и го вратил во станот.

„Работев во близина и слушнав бучава. Го кренав погледот и го видов момчето. Не се двоумев, веднаш тргнав да го спасам“, рекол тој.

Додека Фелипе се приближуваше до детето, минувачите и соседите ставија перници на земја за да го ублажат евентуалниот пад.

Подоцна било утврдено дека 7-годишното момче со аутизам успеало да го отвори прозорецот и да излезе на терасата, јавува Lakalle Blu Radio.



Спонзорирани линкови

Маркетинг