Пронајдени куршуми во телата на шест израелски заложници

Макфакс

22/08/2024

22:10

976

Големина на фонт

а а а

Куршуми се пронајдени во телата на шестмина израелски заложници, кои израелската армија ги врати во земјата во ноќна операција во Газа пред два дена, објави во четвртокот Форумот за семејства на заложници, повикувајќи се на извештаи од обдукцијата.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Израелската безбедносна агенција (ИСА) во вторникот објавија дека се најдени телата на 80-годишниот Јорам Мецгер, 76-годишниот Александар Данциг, 79-годишниот Аврахам Мундер, 80-годишниот Хаим Пери, 51-годишниот Надав Поплвел и 35-годишниот Јагев Бухштаб.

Сите беа киднапирани на 7 октомври од Кибуц Нир Оз и Кибуц Нирим, во близина на границата со Појасот Газа.

Се верува дека Хамас држи уште 109 заложници во Газа, но се верува дека третина од нив се мртви, додека судбината на останатите не е позната.



Спонзорирани линкови

Маркетинг