Го молев татко ми да ме убие, болката беше неподнослива! Естетската хирургија на Сара ѝ го уништила телото, направила и операција „на живо“!

Точка

22/08/2024

21:16

3.253

Големина на фонт

а а а

По операцијата на стомакот во Турција во 2021 година по која ослабела 76 килограми, Сара Плат сфатила дека мора да направи уште една операција за отстранување на вишокот кожа. Решила повторно да замине во Турција, и за тоа ќе жали цел живот бидејќи телото и било буквално изобличено.

За да заштеди, Сара нашла хирург во Турција кој наводно имал добар рејтинг на "Google".

Оперирана била во февруари 2023 година, а како што вели, веднаш штом се разбудила по зафатот кој траел 13 часа, знаела дека нешто не е во ред.

„Бев покриена со завои, болката беше неподнослива, не можев да дишам. Кога ги отворив очите, го видов татко ми до креветот. Ми рече: Сара, треба да дишеш, диши … А јас му одговорив: Тато, не можам да издржам, убиј ме, кажи им да ме убијат“ рекла Сара.

Девет дена по операцијата, Сара закрепнувала во хотел, а во еден момент го замолила сопругот да и ги отстрани завоите. Двајцата биле шокирани кога виделе кафеава течност како истекува од нејзините рани.

Хирургот кој ја оперирал реши да направи уште една операција „за да се минимизира штетата“, и тоа само со употреба на локална анестезија.

- Чувствував дека нешто ме пече во стомакот, имав впечаток дека кожата ми гори, а тоа чувство ќе ме прогонува до крајот на животот – вели Сара, која потоа се вратила во родниот Велс.

Кога докторите виделе како изгледа Сара, останале шокирани.

Следните осум недели ги поминала во болница и имала уште девет операции, но и покрај напорите на лекарите останала со дупчиња на стомакот и грутки под кожата.


Сара ја изгубила десната града, има лузни по целото тело и нејзината подвижност е ограничена.

Освен физичката болка, сознанието дека е трајно изобличена и дека е на работ на смртта и влијаело и психички. Таа имала напади на психоза и извесно време поминала во ментална институција, пишува "Daily mail"

„Оваа операција ме уништи мене, моето семејство и мојата иднина. Се чувствувам како празна школка и повеќе не сум јас “заклучила Сара.




Спонзорирани линкови

Маркетинг