Зеленски дошол до руската граница! Примил рапорт од Сирски, вели дека уште една населба во Курската област е под украинска контрола

Точка

22/08/2024

21:16

2.947

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посетил подрачјето во Сумската област кај границата со Русија и тука одржал состанок со генерал-полковник Олександр Сирски, главен командант на украинската војска и Володимир Артијук, шеф на локалната администрација.

„Украинформ“ пренесува дека Зеленски извештајот за ова патување го објавил на социјалните мрежи.

„Го посетив пограничното подрачје Сумската област и одржав состанок со главниот командант Сирски и шефот на обласната воена управа. Главниот командант поднесе извештај за оперативната ситуација во сите активни борбени зони, со посебен фокус на најтешките подрачја на линијата на фронтот. Конкретно, за чекорите преземени за зајакнување на одбраната во насока на Торецк и Покровска. Покрај тоа, уште една населба во Курската област сега е под украинска контрола“, рекол Зеленски.


Шефот на обласната воена управа го известил украинскиот претседател за најновиот развој на ситуацијата на тоа подрачје од почетокот на упадот во Курската област.

Според зборовите на Артијук, дошло до намалување на руските артилериски напади и пад на бројот на цивилни жртви.


„Посебно внимание е посветено на координација меѓу војската, полицијата и државната служба за вонредни ситуации во пограничното подрачје, посебно во организирање на хуманитарните конвои кон одредени подрачја во Курската област“, заклучил Зеленски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг