Хаос во судницата во Белград: Татко на убиено момче им се обратил на Урош Блажиќ и неговиот татко, ги опцул пред сите, па им рекол: „Се заколнав, ќе се одмаздам“

Точка

22/08/2024

22:45

9.130

Големина на фонт

а а а

Судењето на Урош и Радиша Блажиќ продолжува и денеска во зградата на Специјалниот суд во Белград, а планирано е да сведочат оштетените во оваа постапка.

На судската говорница излегол Мирољуб Миловановиќ, татко на убиениот Александар Миловановиќ.

Мирољуб: Останувам при својата изјава. Имам да додадам. Крени ја главата и погледни ме добро. Ќе ви ја е*ам мајката. (рекол со повисок том и се завртел кон Урош Блажиќ и неговиот татко).


Обвинителот: Дали вашиот син беше во судир со обвинетиот?

Мирољуб: „Не, но сега јас сум. Ќе го чекам цел живот. Од една страна сакам да го осудите на доживотна казна, а од друга страна, како татко, се заколнав дека ќе се одмаздам. Пуштете го веднаш. Се приклучувам на кривичното гонење, го истакнувам имотно-правното барање и барам 100.000 евра по член на семејството“.


Судот: Известен д страна на судската стража дека присутната оштетена мајка на Александар не е во состојба да сведочи.

Милан Пешиќ, оштетен во оваа постапка, излегол пред судската говорница.

Милан Пешиќ: Останувам при изјавата и немам што да додадам.

Обвинителот Конатар: Дали се познававте и дали бевте во судир со обвинетиот?

Милан Пешиќ: Не. Се приклучувам на кривичното гонење, го истакнувам имотно-правното барање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг