Барате ли десерт кој е комбинација од кремаста текстура, богат вкус и едноставност при подготовката? Вие сте на вистинското место! Чизкејкот од банана и путер од кикиритки е совршена комбинација на слатки и солени ноти, со допир на вкус на егзотичен овошен вкус.
Овој десерт е вистинско уживање за сите љубители на кикиритки и банани, а неговата кремаста структура и богатата арома го прават идеален избор за секоја пригода. Без разлика дали го подготвувате за семејна вечера, роденден или само за ваше задоволство, овој чизкејк ќе ве освои уште на првиот залак. Рецептот го сподели блогерката за храна @allasyummyfood.
Потребни состојки:
за основата
190 гр мелени грахам крекери
130 гр путер
за филот
380 гр крем сир
125 гр шеќер
125 гр путер од кикиритки
1 лажичка екстракт од ванила
3 големи јајца
60 мл слатка павлака
за слојот од карамела
125 гр шеќер
6 лажици путер
60 мл слатка павлака
за декорација
2 банани
30 гр кикиритки
карамел прелив
Подготовка:
Прво загрејте ја рерната на 160°C. Во средна чинија измешајте ги мелените грахам крекери и стопениот путер. Смесата притиснете ја на дното на тавата. Се пече 10 минути, па се остава да се излади. Направете го филот со матење крем сирење и шеќер во поголем сад додека не се изедначи. Додадете ги путерот од кикиритки и екстрактот од ванила и измешајте додека убаво не се соедини.
Додадете ги јајцата едно по едно, матејќи по секое додавање. Изматете ја и слатката павлака. Прелијте го филот врз оладената кора. Печете 50-60 минути. Оставете да се излади на собна температура, а потоа ставете во фрижидер најмалку 4 часа, или преку ноќ.
За карамел сосот растопете го шеќерот во тава на средна температура со постојано мешање додека не добие златно кафена боја. Додадете путер и мешајте додека не се стопи. Полека додадете ја слатката павлака, мешајте додека не се изедначи. Тргнете од оган и оставете малку да се излади.
Карамелот прелијте го над изладениот чизкејк и рамномерно распоредете. Оставете во фрижидер 30 минути. На површината на чизкејкот наредете парчиња (тркалца) банана и посипете со здробени кикиритки. Пред сервирање, покријте со прелив од карамела