Јахтата, претходно наречена „Salute“, била изградена во 2008-ма година и добила многу награди за својот дизајн и ентериер.
59-годишниот Мајк Линч и неговата ќерка тинејџерка Хана се меѓу седуммината патници и членови на екипажот за кои постои страв дека загинале кога неговата јахта, „the Bayesian“, потонала во близина на градот Палермо.
Нуркачи ги пребаруваат остатоците од јахтата, кои се лоцирани на длабочина од околу 50 метри на околу пет километри од морето.
„Bayesian“, претходно наречена „Salute“, била изградена во 2008-ма година од „Perini Navi“, италијанска компанија, заедно со „Ron Holland Design“.
Внатре, минималистичкиот дизајн е потпишан од Реми Тесие. Споменатата француска дизајнерска куќа исто така ја дизајнирала и јахтата „Nautilus“ на Тиери Стерн, претседател на „Patek Philippe“, како и „Parsifal III“.
„Bayesian“, која може да прими 12 гости во своите пет соби, има палуба од тиково дрво и мебел во беж боја.
Тенките кафеави столбови и минијатурните теракота скулптури даваат јапонско влијание, додека платнената тенда одржува ладовина за гостите на горната палуба.
Суперјахтата освоила награда за најдобар ентериер на Меѓународните награди за суперјахти во 2008 година, а исто така била избрана за една од најдобрите јахти за едрење над 45 метри на Светските награди за суперјахти во 2009 година.
Нејзиниот оригинален сопственик бил Џон Гроневунд, холандски креатор на недвижнини, кој за неа платил 35 милиони евра кога била направена, а подоцна ја понудил на продажба за истата сума.
„Bayesian“ сега е во сопственост на „Revtom“, компанија на Анџела Бакарес, сопруга на Мајк Линч.
Моника Јенсен, која работела на јахтата, по повод несреќата изјавила: „Ми делува чудно. Сме пловеле со неа на многу лоши временски услови. Сме го проаѓале Атлантскиот океан. Овие работи дефинитивно не се случуваат многу често“.