[ФОТО] Летувањето тука би било вистински џекпот: Луксузна куќа во Лигурија која ќе ве освои со врвната архитектура, но и магичниот поглед на море

Точка

20/08/2024

20:44

87.086

Големина на фонт

а а а

Куќа со базен е нешто за кое многу луѓе сонуваат, особено за време на летните горештини, а кога таа куќа би имала и волшебен поглед на море, уживањето е двојно!

Најдовме токму една таква куќа од соништата во идилична област во еден од најубавите делови на Италија.


Оваа прекрасна недвижнина се наоѓа во Лигурија, регија во севернозападна Италија, која лежи на брегот на Лигурското Море, дел од Тиренското Море. Главен град на Лигурија е Џенова, град со богата историја, архитектура, уметност, музика и гастрономија.

Оваа куќа лоцирана токму на брегот на Лигурското Море, опкружена со богато медитеранско зеленило, може да се пофали со врвна модерна архитектура. Пространиот и прозрачен отворен простор во светло беж и крем тонови продолжува до големата тераса со базен и спектакуларен поглед на морето.


Големите дрвени површини во комбинација со стаклени ѕидови се идеална комбинација за доволно природна светлина во просторот, без да биде премногу жешко.

Таванот направен од тенки дрвени греди и надворешни камени столбови, како и надворешноста на самата камена куќа, се два елементи кои ја прават оваа гламурозна куќа уште поубава и вистински пример за врвна модерна архитектура на Медитеранот. Лесно е да се заљубите во ова место на кое летувањето навистина би било остварување на сонот.