„Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба, немање обезбедување претставува прекршок за санкција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

19/08/2024

13:49

716

Големина на фонт

а а а

„Носител на позиција каква има Африм Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба. Спротивната ситуација, немањето на придружба и необезбедувањето претставува прекршок за санкција“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска.

„Дали според СДС требало да се прекршат законите во случајот на Африм Гаши? Оваа држава има институции.

СДС тоа тешко го сфаќа зошто во нивно време министрите во работно време играа фудбалчиња во кабинет, полицајци се удираа во пајаци, во присуство на Ахмети се пукаше со калашникови, а Оливер Спасовски делеше пасоши на мафијаши. Времето на самоволие заврши со смена на власта“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска.