Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна дека САД преку санкции се обидуваат да ги елиминираат руските енергетски компании од меѓународните пазари, со посебен акцент на нивното присуство на Балканот и во Африка.
Соединетите Американски Држави се обидуваат со санкции да ги истиснат руските компании „Лукоил“ и „Роснефт“ од меѓународниот бизнис, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
Во интервју за „RT India“, Лавров, одговарајќи на прашање за американските санкции против овие компании, рече дека целта на Вашингтон „не е скриена“.
„Ги споменавте „Лукоил“ и „Роснефт“, а целта е – и ова не е скриено – да се отстранат овие компании од целиот меѓународен бизнис“, рече Лавров.
Тој додаде дека руските компании се обидуваат да се истиснат од пазарот во Африка, како и од Балканскиот Полуостров, пренесува Спутник. На крајот на октомври минатата година, САД воведоа санкции против двете водечки руски нафтени компании – „Роснефт“ и „Лукои“, како и нивните структури.







