Се очекуваат поплави и повеќеметарски плимни бранови од Пацификот.
Во овој момент многу силен тајфун се преместува источно од Јапонија. Овој тајфун се засилувал на својот пат кон Јапонија и до неа пристигнал како тајфун од четврта категорија, благодарение на многу топлите води од дури 30 степени во овој дел од Пацификот.
Овој тајфун пристигнал до Пацификот од југ и со својот центар на својот пат кон североисток минува со својот разорен дел на безбедна далечина од централниот де од источниот брег на Јапонија и Токио.
Ветровите во тајфунот имаат удари од 220 км/ч.
Добрата вест е дека тајфунот со својот разорен дел се наоѓа над океанот.
Сепак, со својот страничен дел тајфунот го зафатил источниот дел на Јапонија и носи многу силни и обилни дождови и ветрови од 80 до 120 км/ч, како и многу високи бранови. Се очекува да паднат повеќе од 300 литри дожд, со поплави.
На најсилен удар е централниот дел од источниот брег на најголемиот остров Хоншу.
Приближувајќи се на Токио од југ, тајфунот свртел кон североисток, така што нема директно да го погоди Токио, како ни кој било друг град, но со својот периферен дел во најголемиот мегаполис на светот ќе донесе обилни врнежи, ветрови со брзина од 80 до 100 км/ч и потенцијални поплави, бидејќи се очекуваат 200 до 300 литри дожд по метар квадратен.
Поисточно од центарот на Токио на самиот брег на Пацификот се очекуваат урагански ветрови од 140 км/ч, со оглед на тоа дека овој најисточен дел ќе се најде најблиску до центарот, односно „окото“ на тајфунот.
Најмоќен удар на тајфунот се очекува на малите острови во Пацификот на 50 до 100 километри јужно од Токио, кои ќе се најдат на патот на тајфунот.
На нив би паднале и повеќе од 500 литри дожд, со урагански ветрови од 200 км/ч.
Тајфунот ќе продолжи кон североисток, а над значајно постудените води на северниот Пацифик во текот на викендот ќе ги изгуби тропските карактеристики и како силен ураган ќе се премести понатаму преку северот на Пацификот кон исток.
Јапонија се наоѓа на патот на многу тајфуни, а сезоната трае од мај до ноември. Тие се најинтензивни и најмоќни од август до октомври, а можат директно да погодат кој било дел од Јапонија.