Втор случај на измама за наводна сообраќајна несреќа вчера во Скопје: Жената дала 280.000 денари

Макфакс

15/08/2024

17:14

876

Големина на фонт

а а а

Вчера во 09.31 часот во СВР Скопје, 87-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 280.000 денари, извести МВР.

„Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да биде ослободена. Како што е пријавено, таа ги подигнала парите од банка и од тераса му го фрлила пликот со пари“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг