Бојан Миовски од денеска и официјално има нов клуб и ќе настапува во престижната шпанска Ла Лига.
Македонскиот репрезентативец и официјално ги помина лекарските прегледи и денеска е потврден од Џирона, екипата која сезонава ќе биде дел и од Лигата на шампионите.
Миовски се наметна кај поголемите европски клубови со одличните настапи во дресот на Абердин, а на шкотскиот премиерлигаш му обезбеди сума од нешто помалку од 7 милиони фунти, што е и нов клупски рекорд.
Македонецот ќе им се приклучи на новите соиграчи и ќе работи под водство на тренерот Мичел, a Џирона ја започнува новата сезона денеска, на гостувањето кај Бетис.
BENVINGUT BOJAN! 👋
— Girona FC (@GironaFC) August 15, 2024