[ФОТО/ВИДЕО] Најскапата плажа во Црна Гора: Погледнете како изгледа уживањето кое чини 400 евра дневно

Точка

15/08/2024

22:18

23.814

Големина на фонт

а а а

За да уживате на лежалките покрај морето за само еден ден ќе мора да платите 400 евра. Износот од 400 евра е услов, и го претставува износот којшто треба да го потрошите на храна и пијалаци доколку сакате место на удобните лежалки на малата ексклузивна плажа на луксузниот хотел „Dukley“ во Будва.

 Овој износ се однесува на две лица, па така ќе добиете две лежалки и чадор за сонце, а потоа можете да нарачувате храна и пијалаци додека стасате до износот од 400 евра, а сè што го надминува овој износ дополнително се наплаќа. Четири лица можат да резервираат по два пара лежалки и заедно да потрошат минимален износ од 600 евра.

Ценовникот за храна и пијалаци на најскапата црногорска плажа

Кафето (еспресо) чини од 3,5 до 7, 5 евра, шише вода (250 мл) од 3,5 до 4,5 евра, цената на соковите се движи од 6 до 9 евра, пивото чини од 6 до 7,5 евра, тука се и разновидните коктели чијашто цена започнува од 9 евра, а хотелот е особено горд на различните видови вино а цените за една чаша вино започнуваат од 12 евра.


Што се однесува на храната, порција пржени лигни изнесува 27 евра, салата од домати 14 евра, риба бранцин на жар чини 48 евра, рижото со морски плодови 35 евра, топка сладолед чини 3,5 евра итн.



Пред неколку години плажата на овој хотел стана позната како најскапа во Црна Гора бидејќи цената на лежалките изнесуваше 150 евра. Поточно за оваа цена, покрај лежалките гостите добиваат и пешкири како и шише популарен алкохолен пијалак наречен „леден чај“, како и овошје и четири шишиња вода.
Оваа плажа како што имаат забележано медиумите ја посетуваат главно познати личности, спортисти, политичари, актери, кои тука пристигнуваат со глисери и јахти.