На видеото се гледа само главата на змијата која ѕирка од отворот на клима уредот, што предизвика вистинска бура од реакции кај корисниците на социјалните мрежи.
Летото и топлото време претставуваат сезона кога змиите стануваат многу активни и присутни. Жителите на Србија забележаа зголемена појава на змии во нивните дворови и во куќите, а неодамнешниот настан дополнително ги подгреа стравувањата. Имено, српски државјанин снимил застрашувачка сцена во својот автомобил.
На видеото објавено на Инсстаграм страницата на "srbiju_upznaj" се гледа како змијата се скрила во клима уредот на автомобилот. На видеото се гледа само главата на змијата која ѕирка од отворот на клима уредот, што предизвика вистинска бура од реакции кај корисниците на социјалните мрежи.
Еден од коментарите под видеото гласи: „Би скокнала од возило во движење“.