Де Лихт откри дека една работа посебно го импресионирала за време на преговорите со Јунајтед

Дерби

14/08/2024

11:20

917

Големина на фонт

а а а

Матијс Де Лихт им се заблагодари на фановите на Баерн Минхен за неизмерната поддршка и љубовата која му ја пружија во изминативе две години, но и покрај петицијата за негово останување, Холанѓанецот реши да направи нов чекор во кариерата.

Холандскиот стопер не можеше да ја испушти шансата да му се приклучи на Манчестер Јунајтед и повторно да соработува со Ерик Тен Хаг, но како што вели самиот, клучна за потписот е визијата која му ја пренеле луѓето од новото сопствеништво преводено од Сир Џим Ретклиф.

– Во моментот кога слушнав дека ме сака Манчестер Јунајтед, почувствував голема возбуда. Знаев дека ми се нуди шанса во историски клуб кој секогаш поставува големи цели. Во конверзациите кои следеа, останав импресиониран од визијата која ја има новото сопствеништво на клубот. Импресиониран сум и од улогата која ја имаат замислено за мене.

– Ерик Тен Хаг ја обликуваше раната фаза на мојата кариера, тој знае да го извади најдоброто од мене и не можам да дочекам повторно да работам со него. Знам што треба да се жртвува за да успеете на највисоко ниво, но одлучен сум да направам такво нешто за овој голем клуб, – изјави Де Лихт.

Холанѓанецот ја избра „4-та“ во Манчестер Јунајтед, но заедно со него во пакет на „Олд Трафорд“ пристигна и Нусаир Мазрауи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг