Актерот кој сопругата ја изневерувал во бракот, ја заробил дома и не ѝ дозволувал да работи: Едвај се ослободила од неговите „канџи“, а сега му е најголема поддршка во болеста

Точка

14/08/2024

11:33

4.464

Големина на фонт

а а а

Холивудската икона Брус Вилис и неговата поранешна сопруга и позната актерка Деми Мур биле еден од најубавите парови во времето на нивната најголема љубов. Нивниот брак, полн со подеми и падови, завршил во 2000-та, по 13 заеднички години.

За разлика од повеќето парови, тие успеале да ги надминат минатите разлики и станале најдобри пријатели по разводот.

Присуствувале еден кај друг на венчавките со други партнери, а денес Деми, покрај семејството на Вилис, е негова најголема поддршка додека се бори со деменцијата, поради која впрочем морал да се повлече од филмот.


Златниот холивудски пар

Љубовната приказна на поранешната златна холивудска двојка отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста. Во младоста, Вилис важеше за див тип кој никогаш не пропуштал забава во Холивуд. Таму имало сè, од алкохол до наркотици, додека Деми била убавицата по која сите воздивнувале, но била и доста своеглава.

Тие се запознале во 1987 година на забава по премиерата на филмот „Skateout“. Како што опишала убавата актерка децении подоцна во своите мемоари „Inside Out“, искрите светнале уште од првиот момент.

„Се запознавме и ми рече: ’Мислам дека треба да се венчаме‘. Се шегувавме, сè разбира, но одеднаш изгледаше дека воопшто не се шегува“, раскажала Деми.


Од првиот момент биле луди еден по друг. Се венчале само четири месеци по средбата, а на првата брачна ноќ Деми останала бремена со нивната прва ќерка Румер. Набрзо пристигнале Скаут и Талула, а убавата Деми се посветила на семејството додека Вилис снимал филм по филм.

Убавата актерка во еден момент сакала да се врати на работа, но Брус остро се противел. Сакал да остане дома и да биде само мајка на нивните ќерки.

„Ова никогаш нема да функционира ако работиш“, говорел тогаш.

И покрај неговото противење, Деми се вратила на актерството.

„Тоа беше тежок и болен период. Брус беше премногу напорен и склон кон контрола, а јас бев бунтовничка која никогаш не се откажуваше. Тој инсистираше на тоа да работам како актерка и да бидам родител. Сакав да му го докажам спротивното, па ги носев ќерките со мене на сетот“, раскажала Деми.


Својот распоред на снимање го адаптирала со неговиот и се борела за опстанок на бракот, а потоа еден ден тој го свртел грбот и си заминал, бидејќи заклучил дека му е доста од сè.

„Сакаше семејство, но копнееше и по возбуда. Во основа, тој сакаше да го прави што сака. Имаше 36 години, додајте слава и пари во таа равенка. Математиката е едноставна“, се потсетила Деми.

Сомнежи во верноста

Таа е убедена дека изневерувал и со актерката Џанјуари Џонс. Сепак, по сè изгледа Вилис најмногу бил љубоморен на својата убава сопруга, не можел да го поднесе вниманието кое таа го добивала.


„Подвалив како како татко, а уште повеќе како сопруг“ изјавил Вилис по разводот.

Наскоро тие ги надминале брачните несогласувања и станаа пријатели.


„Нашето пријателство продолжува. Институцијата е оставена на страна“, изјавил Брус по разводот, но малкумина му поверуваа.

И, навистина станаа искрени и најдобри пријатели. Кога Брус се оженил со својата сегашна сопруга Ема Хернинг, на свадбата ја поканил и својата поранешна сопруга и нејзиниот тогаш 15 години помлад партнер Ештон Качер. Брус и Ема биле гости и на свадбата на Деми со Качер во 2005 година.

Убавата актерка сè уште е најголемиот поддржувач на тешко болниот Вилис, кому во април 2022 година му била дијагностицирана афазија, а шест месеци подоцна и фронтотемпорална деменција (ФТД).


Не постои лек за оваа болест, а најчестите симптоми се:

• промена на личноста и однесувањето;

• тешкотии во зборувањето;

• проблеми со меморијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг