Секоја поранешна сопруга на Том Круз беше 11 години помлада од претходната: Бизарни детали од љубовниот живот на актерот, вмешана и секта

Точка

14/08/2024

11:00

3.529

Големина на фонт

а а а

Олимпискиот оган во Париз е изгаснат, а треба да чекаме четири години до следните Олимписки игри кои ќе се одржат во Лос Анџелес. Видовме бројни незаборавни спортски моменти, необични инциденти и скандали...

На крајот на Игрите, олимпиското знаме му се предава на следниот домаќин, кој ќе биде Лос Анџелес во 2028 година. Познатиот американски актер Том Круз дојде да го земе знамето. На јаже како во неговите филмови „Невозможна мисија“, тој се спушти на Стад де Франс и го зеде знамето, се качи на својот мотор и си замина.

Не се возбудливи само неговите акробации кои со воодушевување ги гледаше целиот свет. Неговиот љубовен живот во минатото исто така бил турбулентен.


Интересно е што тој се развел од секоја своја сопруга кога биле на Исусовата возраст, односно на 33 години. Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс се развеле токму на таа возраст. И фановите на Круз си поиграа со бројките, а тоа е само чудно...


Секоја од неговите жени била точно 11 години помлада од претходната! Мими Роџерс е родена во 1956 година, Никол Кидман во 1967 година, а Кејти Холмс во 1978 година, пишува за Вечерњи лист.


Овој актер е висок 170 сантиметри, а според искуството на жените во кои бил вљубен, очигледно е дека му се допаѓаат многу високи жени. Тој беше најнизок од сите, а кога Никол Кидман раскина со Том Круз, таа изјави за списанието Vanity Fair:

- Што најмногу се радувам по разводот? Повторно ќе можам да носам високи потпетици!


Освен тоа, кога станува збор за Круз, со него се поврзува и Скиентолошката црква која го организирала првиот состанок со Кејти Холмс, бидејќи со години барале кој би можел да биде замена за Никол Кидман. Убавата бринета која се прослави во серијата „Dawson's Creek“ не можеше да ги издржи сите пречки кои Круз и ги постави поради скиентологијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг