Луѓето со оваа крвна група живеат најдолго: Речиси никогаш не се разболуваат од сериозни болести, а стигнуваат до стотка како на шега

Точка

13/08/2024

16:30

9.352

Големина на фонт

а а а

Докажано е дека луѓето со нулта крвна група имаат помал ризик да заболат од кардиоваскуларни болести како што се мозочен и срцев удар, како и помали шанси да заболат од одредени видови на рак, пишува „Тајм“.

Крвната група влијае на целокупното здравје, секоја има свои карактеристики и слабости, но едната е најотпорна на болести. Станува збор за нулта крвна група, поради што се смета за најдолговечна.


Крвта од нулта група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, вклучително и срцеви удари и мозочни удари предизвикани од згрутчување на крвта. Отпорот на најопасните болести значи поголема шанса за долг живот.


„Се чини очигледно дека избегнувањето на болеста е дел од стратегијата за долг живот. Но, постои верување дека кај стогодишниците целата корист доаѓа од гените“, рече Стјуарт Ким, професор по биологија и генетика на Универзитетот Стенфорд, презентирајќи ги резултатите од истражувањето на неговиот тим пред неколку години.


Во потрага по тајната на долговечноста, тие ги истражувале гените на 800 стогодишници и 5.400 90-годишници и откриле дека варијациите во четири гени се многу важни за брзината на стареењето: CDKN2B, кој игра важна улога во клеточната делба, ABO, што се однесува на типот на крвната група, APOE, која влијае на тенденцијата на телото да добие Алцхајмерова болест и SH2B3 што го продолжува животот на луѓето.


Како што објаснија, утврдиле дека одредени варијации на гените почесто се јавуваат кај луѓе кои живеат до сто години, а кога станува збор за крвната група – таа била нулта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг