[ФОТО] Има 65 години и нема да верувате која е нејзината професија: Вака денес изгледа познатата Пипи Долгиот Чорап

Точка

12/08/2024

16:45

6.291

Големина на фонт

а а а

Пипи Долгиот Чорап одбележал многу детства. Генерации пораснале со авантурите на немирното девојче со пеги, црвена коса и кики, хероината на приказните напишани од шведската писателка Астрид Линдгрен. Првата збирка е напишана во 1944 година, а објавена во 1945 година.

Приказните биле толку популарни, па биле преведени на повеќе од 90 јазици. На крајот доспеале и до малите екрани. Филмот и серијата за „најсилното девојче на светот“ се снимани помеѓу 1968 и 1970 година, а Пипи Долгиот Чорап го променила животот на Ингер Нилсон.


На аудицијата се пријавиле дури 8.000 девојчиња. На крајот, улогата ѝ припаднала на осумгодишната Ингер, која очигледно била најслична на ликот од книгите. Но само по изглед, не и енергија.


„Пипи е сосема поинаква од мене. Бев повлечена девојка и имав поинаков карактер“, открила своевремено актерката.

Како Пипи Долгиот Чорап станала секретарка?

Но, по големиот успех на филмот и серијата, сите во Ингер и понатаму ја гледале Пипи Долгиот Чорап. Не ѝ беше лесно да се истакне во други жанрови и улоги.


Таа продолжила да глуми, главно во театарски претстави. Од 2007 до 2018 година играла во германската криминалистичка серија „Der Kommissar und das Meer“ и некои други шведски проекти, а подоцна се вработила како секретарка во докторска ординација. Таа, исто така, снимила неколку песни, напишала книги, водела програми на шведската телевизија.


Ингер Нилсон денес има 65 години и, доколку ја сретнете на улица, можеби во нејзината весела насмевка и очи би ја препознале едната од најголемите хероини на популарната светска книжевност. И, само да знаете, дури и денес, Пипи Долгиот Чорап има импресивна база на обожаватели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг