Хајди Клум ги почести фановите со видео на кое е топлес и во танга: И на 51 година изгледа неверојатно

Точка

11/08/2024

10:26

7.466

Големина на фонт

а а а

Манекенката Хајди Клум малкумина остави рамнодушни со новото видео на социјалните мрежи.

Имено, Клум се соблекла топлес и запливала на егзотична локација.

„Само ти и јас. Слобода“, напишала таа на Инстаграм и го означила својот 17 години помлад сопруг, Том Каулиц.


По пливањето, Хајди трчала кон плажата и со рацете ги покрила бујните гради.

Оваа 51-годишна манекенка претходно откри како ја одржува завидната фигура.


„Се трудам да се хранам многу здраво. Јадеме околу 06:00 или 06:30 часот, имаме домашна храна, многу е важно да знаете што јадете. Сакам здрава храна. Не јадам многу нездрава храна. Сакам да бидам фит и да се чувствувам исто така“, изјави таа во 2021 година за „Body and Soul“.

Меѓутоа, минатата година Хајди призна дека внесува околу 900 калории дневно, по што се најде на мета на негативни коментари. На истите одговори така што рече дека никогаш не морала да брои калории.




Спонзорирани линкови

Маркетинг