Дека црниот дроб не работи како што треба, најдобро ќе забележите ако чувствувате хроничен замор, имате лошо здравје, често чувствувате горчлив и метален вкус во устата, имате жолта обвивка на јазикот...
Доколку постојано се прејадувате или јадете нездрава храна, пушите и пиете алкохол, земате силни лекови, можно е црниот дроб да го изложите на дополнителен стрес.
Експертите се сигурни дека црниот дроб може да закрепне ако секој ден јадете каша за појадок. Меѓутоа, ако не ги сакате многу здравите навики - доволно е ова да го појадувате само 2 пати неделно.
Овесно брашно - 1 чаша. Овесот ја блокира апсорпцијата на штетните материи, ја забрзува елиминацијата на токсините. Го олеснува процесот на варење и му ја обезбедува на телото потребната енергија
Тиква (исчистена и исечкана на коцки) - 20 до 40 грама. Ги обновува клеточните структури на црниот дроб, подмладува. Помага во чистење на сите органи. Јадењето сирова тиква на празен стомак ја подобрува функцијата на желудникот и дигестивниот тракт.
Суво грозје - половина шака (измиено). Ја оптимизира функцијата на црниот дроб, помага при обновување на клетките.
Бадеми - по желба. Тие ја нормализираат работата на црниот дроб.
Сите состојки ставете ги во мало тенџере. Додадете вода или млеко и оставете да зоврие. Можете да додадете и малку сол. Кога ќе зоврие, тргнете го тенџерето од шпоретот, поклопете го и оставете го малку да отстои.
Оваа каша се препорачува да се јаде најмалку 2 до 3 пати неделно. Брзо се апсорбира, дава леснотија, енергија и ги отстранува непријатните наслаги од јазикот.