[ФОТО] По 3 години врска - „најубавиот пар на светот“ официјално заедно на црвениот тепих!

Точка

09/08/2024

18:21

15.585

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Зои Кравиц, ќерката на легендарниот музичар Лени Кравиц, и актерот Ченинг Тејтум конечно решија официјално да се појават како пар на некој настан.

Тие избраа и специјална пригода - премиерата на филмот „Blink Twice“ во Лос Анџелес во кој Ченинг Тејтум ја игра главната улога, додека Зои ја потпишува режијата.


Парот изгледал многу елегантно – додека актерот носел класичен костум и бела кошула, Зои носела долг црн фустан со изрези на половината и луксузен дијамантски накит од „Jessica McCormack“.

Зои и Ченинг се прегрнувале, изгледале заљубено, трпеливо позирале и на одличен начин конечно и официјално застанаа пред светот како пар.


Да потсетиме, актерите првпат на некој начин беа доведени во врска во 2017 година, кога Зои го избра Ченинг да игра во нејзиното режисерско деби, чие снимање започна дури во 2022 година. Откако започнаа да работат, тие се зближија и станаа пријатели, а папараците често ги гледаа во ресторани и во текот на прошетките низ Њујорк.


Зои Кравиц, во меѓувреме, се омажи за Карл Глусман во 2019 година, но се разведе од него во 2021 година, додека Тејтум во тоа време беше во брак со Џена Деван, кој заврши во 2019 година.

Сепак, набргу откако актерката се разведе во 2021 година, се појавија гласини дека Ченинг Тејтум е нејзиното ново момче, а медиумите нашироко објавија дека добивме нов „најубав пар на светот“.


Минатата година беше откриено дека Зои и Ченинг се вериле, а Ченинг неодамна се отвори за тоа како е да се работи со некој со кој сте во емотивна врска.

„Работата со партнер е навистина - знаете, многу луѓе се плашат од тоа - тоа беше нешто што нè зајакна на некој начин“, изјави неодамна Тејтум за „Extra“.


„Ако имате партнер и се прашувате дали тоа е за вас, само одете и пронајдете го најтешкиот можен проект на кој можете да работите заедно. Создадете нова соба, обојте ја, направете нешто креативно, но не само за да го завршите тоа, туку ако уживате да го правите тоа еден со друг. Затоа што понекогаш ќе биде тешко“, додаде тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг