Шахистката Амина Абакарова се обидела да ја отруе својата противничка Умајганат Османова на турнирот во Дагестан, пишува „The Mirror“.
Имено, Русинката истурила жива од топломер на шаховската табла и на масата со шаховски фигури, а кратко откако Османова седнала на масата, почувствувала мачнина и вртоглавица и на крајот се онесвестила.
На местото на настанот ѝ била укажана помош, а потоа завршила во болница, а британските медиуми пишуваат дека за среќа нејзиниот живот не е во опасност.
Russia: Chess player Amina Abakarova poisoned her rival Umayganat Osmanova with mercury at a chess tournament in occupied Dagestan.
— Igor Sushko (@igorsushko) August 8, 2024
Putin immediately fell in love with Abakarova. pic.twitter.com/MFDbutkDjy
Главниот мотив за нападот е наводно личното непријателство кое трае веќе подолго време, додека Абакарова ја обвини и Османова дека се однесувала навредливо кон неа и кон нејзиното семејство.
Организаторите на турнирот го пријавиле инцидентот во полиција, која ги прегледала снимките од надзорните камери и открила дека зад сето тоа стои Абакарова.
„Нејзините постапки можеа да доведат до трагични последици кои ги загрозија животите на присутните. Таа мора да сноси одговорност за она што го направи“, изјави министерката за спорт во Дагестан.
Инаку, Абакарова доби доживотна забрана за учество на шаховски турнири, а ѝ се заканува и губење на работата и затворска казна до 3 години.