[ФОТО] Поради нив во публиката настанува „транс“ а времето како да запира: Ова се најубавите спортистки на олимписките игри во Париз

Точка

09/08/2024

22:29

11.398

Големина на фонт

а а а

Олимписките игри во Париз се манифестација на упорност, сила, одлучност, одрекување, волја но и на убавина.

Помеѓу спортистките кои се натпреваруваат и борат за медал има и такви кои буквално ја оставаат публиката „без здив“ поради својата убавина.

Ова се само некои од нив:

Алика Шмит (25)


Според многумина се смета за најсекси спортистка на овогодишните олимписки игри, којашто на инстаграм ја следат преку пет милиони луѓе а исто така таа е амбасадорка на брендот „Хуго Бос“.

Алиша Њуман (30)


Таа е познатата канадска скокачка со стап, која инаку ужива и во манекенството, јогата, водените спортови и филмот.

Ивана Шпановиќ (34)


Српската спортистка која годинава не успеа да се пласира во финалето на ОИ во скокот во далечина, го привлече вниманието на многумина поради својата убавина.

Лиеке Клавер (25)


Таа е холандска спринтерка а во текот на кариерата има освоено седум медали за својата земја а еднаш има признаено дека најтешката задача за еден професионален спортист е да се носи со вниманието на социјалните мрежи.

Луана Алонсо (20)


Својот олимписки деби го имаше во Токио во 2020, а во Париз покрај талентот ја покажа и тетоважата со олимписки кругови, на социјалните мрежи ја следат стотици илјади луѓе а со пливањето започнала да се занимава на 11 годишна возраст.

Јулија Левченко (26)


Tаа на инстаграм има речиси половина милион следбеници, е украинска скокачка во висина а со нејзината убавина слободно може да се пријави и на бикини – натпреварување.

Кети Мун (33) 


Taa е американска скокачка со стап којашто на олимпијадата во Токио го освои златниот медал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг