Оваа година се навршуваат 70 години од првата успешна трансплантација на човечки бубрег од жив донатор.
„Сè видов“ кажа 74 годишниот Хари Стакхаус од Илинуоа, којшто беше буден во текот на неодамнешната трансплантација на бубрегот и додаде дека не почувствувал болка додека разговарал со докторите во текот на операцијата.
Стакхаус беше пуштен од болница само 36 часа по операцијата во болницата „Northwestern Medicine“, којашто има за цел трансплантациите да ги изведува без вообичаени ризични целосни анестезии.
Операцијата била завршена по еден час, а тоа била друга таква операција која ја предводел Сатиш Надиг, директорот на сеопфатниот центар за трансплантација во болничкиот систем на Чикаго.
„Денес се наоѓаме на пресвртницата во трансплантацијата и имаме можност да користиме технологијата којашто е околу нас за да нè крене на повисоко ниво и да нè воведе во следната ера на хирургијата“, изјави Надиг за АФП.
Медицинските предности од користењето на спиналниот анестетик за трансплантација на бубрег – слично на она што се прави во текот на царскиот рез се добро потврдени.
Општата анестезија бара интубација,којашто може да ги оштети гласните жици, да го наруши функционирањето на цревата и да предизвика „магла во мозокот“ којашто може да потрае особено кај постарите пациенти.
Медицинската литература споменува мал број на трансплантации на бубрег при кои пациентот е во будна состојба но во некои земји тие се присутни со децении, меѓутоа сепак оваа пракса никогаш во потполност не се прифати, пренесува Science alert.
Оваа година се навршуваат 70 години од првата успешна трансплантација на човечки бубрег од жив донатор, истакнува Надиг.
„Сега резултатите од трансплантацијата на бубрегот се фантастични и време е да ги преиспитаме парадигмите до коишто со години се придржувавме“, додаде Надиг.