Со одличен настап против американскиот „дрим тим“ во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, српските кошаркари ги воодушевија љубителите на спортот ширум светот.
Српските момци одиграа натпревар за паметење. Водеа во текот на целиот натпревар против фаворизираниот ривал, но Американците со помош на судиите во самиот финиш успеаја да се вратат во живот, а потоа да ги победат храбрите Иглс.
Кошаркарскиот свет им симна капа на „орлите“ на феноменална партија.
Поранешни и сегашни кошаркари, тренери, аналитичари, навивачи - сите се согласуваат дека Србија воодушеви на овој меч.
Легендарниот тренер на НБА, Џорџ Карл, по којзнае кој пат го крена Никола Јокиќ на врвот.
„Не знам дали друг играч може ја зголеми вредноста на соиграчите колку што тоа го направи Јокиќ“, изјави Американецот.
Зборуваше и познатиот Аргентинец Ману Џинобили.
"Каков натпревар! Честитки Србија за речиси совршената игра. Беше тензично полуфинале. Моето срце се уште чука неверојатно брзо, а не можам да се мрднам од каучот", изјави легендарниот НБА ас.
Од играта на Србија воодушевен беше и асот на Басконија, Цима Монека.
"Кошарката е неверојатна, каква игра! Јазот помеѓу НБА и европската кошарка е помал отколку што мислите".
Овој меч во живо го следеше Шпанецот Пау Гасол.
"Неверојатен натпревар! Честитки за тимот на САД за пласманот во финалето, но и за Србија која прикажа неверојатна игра и треба да се гордее", изјави познатиот центар.
Најинтересен коментар остави поранешниот НБА ас, Американецот Еван Тарнер.
„Доколку Србија победи, мојот прв син ќе го крстам Никола Богдановиќ Тарнер“, напиша Тарнер на социјалните мрежи за време на натпреварот.
Интересен коментар имаше и Богдан Тањевиќ.
Да ги прашате Американците, немаше да знаат што се случи или кој победи. Уште помалку знае Стив Кер. Браво Србија, браво Кари, браво играчи“, напиша Тањевиќ.