Србија беше на чекор од големо изненадување во пресметката со САД, но не го издржа завршниот налет на фаворитот и загуби со 95:91.
Избраниците на Пешиќ имаа контрола три четвртини, меѓутоа како да останаа без сила во последните десет минути, одбраната не беше на посакувано ниво и најдобар доказ се 32 примени кошеви што е далеку повеќе од претходните периоди (23, 20, 20).
-Тежок пораз, горд сум на моите соиграчи на начинот на кој се бореа и тоа е тоа. Игравме до крај и не се откажавме, можеме да бидеме горди, -рече капитенот Богдан Богдановиќ кој не сакаше да го коментира судењето.
-Одигравме максимално добро, можевме да дадеме уште некој шут и тоа е кошарка, тие дадоа, ние промашивме и тоа е што е, знам на што алудирате и нема да коментираме, тоа не зависи од нас, -порача членот на Атланта Хокс.