Чајот од листот од ова овошје го топи салото, го регулира варењето, ги намалува маснотиите и крвниот притисок: Потребни ви се само 2 состојки, а се пие преку целата година

Точка

08/08/2024

19:17

20.054

Големина на фонт

а а а

Во ек е сезоната на смокви, вкусните летни плодови, но листот од ова овошје е неправедно запоставен. Имено, тој е богат со антиоксиданти и влакна, содржи витамини А, Б1 и Б2 како и минерали калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум. А чајот кој се прави од листовите на смоквата се нарекува „еликсир на животот“, бидејќи носи многу придобивки за организмот.

Чајот од лист од смоква е одличен за луѓе кои се борат со инсулинска резистенција и дијабетес, кои имаат високи триглицериди, висок крвен притисок, проблеми со анемија, но и за луѓе кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми. Освен тоа, овој чај може да ги ублажи симптомите на чир на желудникот, да спречи констипација и е добар сојузник во борбата против афти. Сепак, тој не е замена за ниту еден лек, па затоа е многу важно да се консултирате со лекар пред да го консумирате овој напиток.


Како правилно се бере листот од смоква?

Листот од смоква има период кога се бере, а тоа е доцна пролет, лето или рана есен. Отстранете ги здравите и цели лисја од дрвото, добро измијте ги и исцедете ги, а потоа ставете ги на некое место на кое има провев. Чувајте ги и сушете ги во темна и проветрена просторија.

Како да проверите дали се доволно суви?

Земете еден лист и истријте го со прстите, ако се витка и ви се рони под прстите, значи дека листовите од смоква се спремни за чај.

Ваквите листови иситнете ги со прстите и спакувајте ги во тегла со капак. Чајот од лист од смоква можете да го користите во текот на целата година.


Како се прави чајот?

Додадете 1 до 2 лажички издробени листови смоква во 200 мл. зовриена вода. Покријте го садот и оставете го да отстои околу 10 минути. Потоа процедете го и чајот е подготвен за пиење.

Предупредување: Чајот од лист од смоква не се препорачува за трудници и доилки.