[ВИДЕО] Златото во фрлање диск на ОИ го освои 25-годишник кој не сака да се занимава со овој спорт

Точка

08/08/2024

13:46

2.593

Големина на фонт

а а а

Јамајканецот Роџе Стона на сензационален начин славеше во фрлање диск на Олимписките игри во Париз, а она што е интересно е што овој 25-годишник воопшто не сака да се занимава со овој спорт.

Имено, Стона сонува за кариера во американскиот фудбал, иако неуспешно бил на проби во редовите на НФЛ екипите Грин Беј Пакерс и Њу Орлеанс Сејнтс.

Токму затоа, кога одел кон теренот, Роџе со рацете симулирал фрлање на топка во стилот на НФЛ квотербековите.

Додека не добие шанса во НФЛ, времето го „поминува“ во фрлање ѓуле и диск. И додека во фрлањето ѓуле е просечен натпреварувач, Јамајканецот во фрлањето диск стана олимписки првак и олимписки рекордер.

Голем фаворит за злато вчера беше Литванецот Миколас Алекна, кој во втората серија постигна далечина од 69,97 метри, соборувајќи го олимпискиот рекорд кој го постави неговиот татко Виргилиус Алекна (69,89 метри) пред 20 години во Атина.

Но, во четвртата серија, Стона го фрли дискот точно на 70 метри и го надмина рекордот на Миколас по што се закити со титулата олимписки шампион.

Австралиецот Дени Метју (69,31 метар) ја освои бронзата, додека без медал остана Словенецот Кристијан Чех (68,41 метар), кој мораше да се задоволи со четвртото место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг