[ВИДЕО/ФОТО] Половина Америка го мрази, а тој им освои златен медал и има порака која секој треба да ја прочита

Точка

08/08/2024

10:45

5.712

Големина на фонт

а а а

Ноа Лајлс стана најбрзиот човек на светот, со освојувањето на златниот медал во трката на 100 метри на овогодишните олимписки игри во Париз, а освен со оваа победа внимание привлече и со изјавата по овој негов голем успех.

Љубителите на атлетиката имаа прилика да ја следат финалната трка на 100 метри, кога делови од секундата му донесоа победа на Лајлс, кој победи со резултат од 9,784 секунди.


Со овој успех Лајлс им ја „затвори“ устата на критичарите, коишто ги има многу во неговата земја, а неколку часови по трката тој испрати важна порака преку социјалните мрежи.

„Имам астма, алергија, дислексија, АДХД, анксиозност и депресија. Но ќе ви кажам дека тоа што го имате не го дефинира она што можете да станете. Зошто не – ти!“ објави Лајлс на социјалните мрежи и предизвика многу реакции.

Лајлс е некој којшто воопшто не е омилен во Америка, поради неговата изјава од минатата година, кога тој ги критикуваше НБА играчите, коишто уживаат голема популарност во САД.


Имено овој атлетичар се запраша зошто НБА играчите тврдат дека се шампиони на светот кога ќе ја освојат титулата во првенството во кое учествуваат само американски клубови.

Овој негов коментар беше мета на бројни реакции од кошаркарскиот свет, па така Лајлс во тамошната јавност воопшто не е омилена личност. Но изгледа дека тоа нему воопшто не му пречи бидејќи продолжува да освојува медали и ја пишува историјата на атлетиката.

„Знаете што најмногу ме боли, тоа е кога го гледам финалето на НБА лигата и гледам дека играчите на челото ја имаат ознаката „светски првак“. „Светски првак“ на што? Соединетите Американски Држави;“ со насмевка изјави Лајлс во 2023 година.

На ваквите изјави на Лајлс, најгруб одговор имаше Кевин Дурент кој напиша: „Ве молам, некој нека му помогне“, додека пак Ерон Гордон објави: „Како и да е, јас би го победил во трката на 200 метри“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг