Првите фотографии од синот на Ал Пачино: Се шпекулирало дека всушност 54-години помладата девојка не родила негово дете – сега сè е јасно

Точка

07/08/2024

13:39

4.456

Големина на фонт

а а а

Девојката на Ал Пачино (84), Нур Алфала (30) за првпат јавно го покажала лицето на нивниот син Роман – 14 месеци откако го донела на свет.

Нур, која претходно се забавувала со 81-годишниот фронтмен на „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер, била пресреќна мајка додека го држела своето преслатко машко бебе – кое неверојатно наликува на Ал Пачино. Нур била лежерно облечена, токму како за прошетка со своето мало момче и се чинело како да не обрнува внимание на папараците кои ја следеле во чекор.


Пачино не бил забележан на оваа семејна прошетка. Кога „TMZ“ ја прашал оваа убавица минатиот ноември дали може да се замисли во брак со Ал, таа одговорила: „Мислам дека не. Ја не сум брачен тип“, директно одговорила.

Да потсетиме, минатата година тој стана татко во деветтата деценија, а поради врската со 53-години помладата Нур Алфала се најде во центар на медиумско внимание и бројни теории на заговор.


Најпрво се шпекулирало дека Ал Пачино всушност не е татко на детето и дека побарал ДНК за да се утврди вистината.

После тоа, нивната љубов наводно пропаднала, но и покрај тие наводи, тие биле видени како заедно шетаат рака под рака.