Тиктокерката Соња Дениг мислела дека ја пронашла совршената соба за одмор во одморалиштето Вестерленд на германскиот остров Зилт, инаку познат по песочните плажи. 28-годишната девојка платила соба со поглед на морето и на TikTok покажа што ја пречекало, а глетката насмеала многумина.
На почетокот на снимката ја покажала собата, а потоа се приближила до прозорецот со навидум магичен поглед, но тогаш сфатила за што се работи – постер залепен на стаклото.
„Добро нè зезнаа. Верувавме дека имаме прекрасен поглед, но тоа е фотографија. Ние сме во подрум“, вели таа во видеото кое собрало повеќе од 3,6 милиони лајкови и бројни коментари.
„Најлудото е што фотографијата изгледа сосема реално“, напишал еден следбеник, а многумина биле изненадени од фактот што никаде не пишувало дека се работи за соба во подрумот.