[ФОТО] Од Грција до Италија: Порака во шише на тригодишно девојче допливало во нечии раце, но тука не е крајот на изненадувањата!

Точка

06/08/2024

19:43

4.366

Големина на фонт

а а а

Од грчкиот град Игуменица до италијанскиот град Мола ди Бари во регионот Апулија. Толку долго траело патувањето на пораката во шише, напишана од тригодишното девојче Линеа.

Необичната порака е откриена на 1 август, откако работник кој го чистел брегот забележал дека нешто светка меѓу карпите. Кога го отворил шишето, изненадениот маж нашол писмо и шарени цртежи.

„Здраво, јас се викам Линеа. Ја сакам германската детска емисија „Програмата со глувчето“ и имам голема желба. Би сакала да добијам одговор на ова писмо. Ве молам испратете ми го“, напишала таа.

Линеа ја напишала пораката на англиски и германски јазик, а морето ја донело на брегот на Италија, на околу 300 километри од местото каде што била пуштена.

Questa mattina, durante le consuete operazioni di pulizia delle spiagge, un operatore ecologico Navita ha fatto una...

Posted by Giuseppe Colonna on Thursday 1 August 2024

Во шишето ставила и цртеж од глушец, патка и зајак, кои се главните ликови на споменатата детска емисија, пренесува „Фанпејџ.ит“.

„За време на вообичаеното чистење на крајбрежјето, еден работник од општинската служба нашол шише, исто како во бајките на нашата младост“, напишал претставникот на локалните власти Ѓузепе Колона.

Девојчето ја напишала својата адреса во Германија, па желбата наскоро ќе ѝ се исполни. Најавено е дека ќе добие одговор од општинската администрација на Мола ди Бари!

„Свесни за длабокото значење на ова писмо, без двоумење ќе одговориме на девојчето и нејзиното семејство. Во бурнит свет, оваа приказна нè потсетува на важноста на соништата, особено на малите. Можеби ова е почеток на едно убаво пријателство“, додал Колона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг