Новиот парфем на „Dolce&Gabbana“ зрачи со луксуз, но не е наменет за луѓе

Точка

06/08/2024

14:14

15.696

Големина на фонт

а а а

Најновата понуда на италијанската модна куќа наменета е за кучиња, а инспирацијата за производот се никнала од „безусловната љубов“ на Доменико Долче, едниот од дизајнерите на „Dolce&Gabbana“ кон своето лојално куче Фефе.

На страницата на оваа модна куќа мирисот „Фефе“ се опишува како мирисно ремек – дело кое се состои од топли ноти на кананг, чист допир на мошус и дрвенесто-кремасти поттонови на сандаловина. Дизајнот на парфемот го потпишува Емили Коперман, пренесува CNN.

Со цена од 99 евра (109 долари) за 100 мл, „Фефе“ доаѓа во мазно, зелено, стаклено шише, украсено со живописно црвено, метално капаче и позлатена кучешка шепа од 24 каратно злато. Во пакет со парфемот доаѓа и „D&G“ ланче за кучиња достапно во две големини.


Во промотивниот спот за парфемот, се појавува група од негувани кучиња, а во заднина се слуша класична музика, и нараторот спотот вели: „Јас сум деликатен, харизматичен, автентичен, чувствителен, бунтовник, свеж, неодолив, чист. Бидејќи јас не сум само куче. Јас сум Фефе“.


Во упатството на сопствениците им се препорачува да прснат од парфемот „Фефе“ на своите раце или на четка, и со триење или четкање да нанесат од парфемот на крзното на кучето од средината на телото кон опашката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг