[ВИДЕО/ФОТО] „Кого испратија на ЛОИ, платен убиец?!“: Дикец го изгуби златото од Србинот Микец, па стана светска ѕвезда!

Точка

01/08/2024

14:50

13.355

Големина на фонт

а а а

Дамир Микец и Зорана Аруновиќ го освоија златниот медал за Србија на Олимписките игри во Париз во дисциплината 10 метри, но социјалните мрежи „експлодираа“ поради фотографиите на турскиот стрелец Јусуф Дикец за време на финалето на натпреварувањето во мешани тимови.

На 51-годишна возраст, Дикец и неговата партнерка Севал Илаида Тахран освоија сребро, но уникатниот стил на Дикец ја привлече и воодушеви светската јавност.

Сликата на која се гледа како Јусуф Дикец се натпреварува на необично опуштен начин, со едната рака во џеб и без стандардна опрема, стана вирална.

За разлика од повеќето олимписки стрелци, кои користат заштита за уши и специјализирани очила за да го блокираат видот и едното око и да го намалат сјајот, „лежерниот стил“ на Дикец навистина се издвојуваше. Поединци се прашуваат и дали „Турција испратила платен убиец во ОИ“?

За време на натпреварот, како што можевме да видиме, Турчинот ги носеше сопствените диоптриски очила, вообичаени чепчиња за уши и неупадлива тренерка и маица.

„Турција испрати 51-годишен дечко без специјализирани леќи, заштита за очи или заштита за уши и освои сребрен медал“, е коментарот на еден од многуте воодушевени обожаватели, како што пренесуваат светските медиуми, а се јавил и милијардерот Илон Маск со едноставно:

„Убаво“.

Во финалето, подобри од турскиот пар биле српските претставници Зорана Аруновиќ и Дамир Микес. Финалето го добиле со 16:14, иако имале послаб старт и губеле со 8:4.

Кој е Јусуф Дикец?

Делумно информираните корисници на социјалните мрежи желни за лајкови веројатно не знаат дека Дикец со стрелаштво се занимава од 2001 година, како и дека бил припадник на турската национална жандармерија, а ова му се петти Олимписки игри.

Неговите први ОИ биле во Пекинг 2008 година. Дикец освоил бројни златни, сребрени и бронзени медали на државни, европски и светски првенства.

Студирал на Универзитетот Гази за физичка обука и образование во Анкара, а подоцна магистрирал за тренер на Универзитетот Селџук во Коња. Дикец течно говори англиски и турски, а во слободно време ужива во танцувањето.

Дури и официјалниот профил на Олимписките игри на социјалната мрежа „X“ им оддал почит на новите неочекувани ѕвезди на спортот.