Патничкиот сообраќај на европските аеродроми во првата половина од годината, се врати на нивото на коешто беше пред ковидот па така конечно овој сектор и ја „сврте главата“ на кризата предизвикана од пандемијата, објави денес Меѓународниот сојуз на аеродроми на Европа.
Но овој сојуз предупреди дека закрепнувањето е неизедначено, со речиси половина од европските аеродроми кои уште се под нивото пред пандемијата.
Бројот на патници пораснал за 9 проценти во првите шест месеци од 2024 година во споредба со истиот период минатата година, според „Airports Council International Europe“.
Обемот беше девет проценти повисок во однос на истиот период минатата година, зголемувајќи го за 0,4 проценти во однос на првата половина од 2019, годината пред појавувањето на коронавирусот кој ја парализираше авиоиндустријата.
„Со оглед на тоа дека вкупниот патнички сообраќај конечно го премина нивото од 2019 година во текот на изминатите шест месеци од годинава, нашата индустрија сега го помина најлошиот период“, изјави Оливиер Јанковец, главниот директор на „Аirport Council International Europe“.
Меѓународниот сообраќај беше главниот двигател на растот во текот на оваа година, и истиот се зголеми за 10,3 проценти во првата половина од годинава за разлика од истиот период минатата година. Домашниот сообраќај пак е поголем за 4,2 проценти.
Бројките „конечно“ го потврдуваат „целосното заздравување од пандемијата Ковид-19 на аеродромската индустрија“ се вели во соопштението на интернационалниот европски сојуз на аеродроми.