Загриженоста поради нарушувањето на приватноста и губењето на сопственоста на податоците станува сè почеста. Бидејќи технологијата продолжува сè повеќе и повеќе да се вклучува во нашиот секојдневен живот, нашата комуникација сè почесто се одвива онлајн, а тоа подразбира споделување на чувствителни и приватни информации преку Интернет.
Тешко може да се дознае вистинскиот начин за справување со овој предизвик. На пример, можеби сте загрижени околу безбедноста на платформите за пораки од трети страни. Или можеби сте загрижени дека Вашите приватни информации и податоци може да бидат изгубени или компромитирани во случај на напад на серверот или губење на Вашиот телефон. Кога се поврзувате со друг уред, може да имате грижи и за тоа кој може да ги види Вашите податоци и како да ги чувате безбедни.
Во Samsung, размислувавме за сето ова и наша мисија е да Ве заштитиме за да можете безбедно и удобно да ги споделувате Вашите податоци со кого сакате.
Приватно споделување (Private Sharing) со Quick Share
Дали некогаш сте биле во ситуација да сакате да споделите слики од Вашето новороденче или видео од Вашиот неодамнешен одмор, но не сакате да ризикувате тие да завршат на Интернет или да бидат видливи за некој друг освен за оние што биле наменети.
Samsung Galaxy има вградено решение за овој проблем - Приватно споделување (Private Sharing) на Quick Share е функција за споделување датотеки која ја чува приватноста и Ви овозможува да ги споделувате Вашите податоци безгрижно.
Со функцијата Приватно споделување (Private Sharing), само Вие ги поседувате податоците. Може да бидете сигурни дека само назначените примачи можат да ги отворат датотеките што ги испраќате и никој друг. Можете, исто така, да поставите дозволи и датуми на истекување на податоците, така што тие ќе се бидат видливи само ограничено време. Понатаму, можете да дадете пристап само за читање без можност за повторно споделување; можете да го повлечете пристапот до податоците секогаш кога сакате; ограничете го снимањето на екранот и видете кога примачот ја примил и отворил датотеката.
Функцијата Приватно споделување (Private Sharing) го прави безбедно и лесно споделувањето на вашата содржина и вие можете да споделувате до 20 датотеки одеднаш со вкупна големина до 200 MB . И, се разбира, сите Ваши датотеки се безбедно и целосно шифрирани кога се споделуваат благодарение на технологијата за шифрирање базирана на блокчејн.
За да ја користите функцијата Приватно споделување (Private Sharing) изберете ја датотеката што сакате да ја испратите и допрете Сподели. Допрете Quick Share, проследено со трите точки за повеќе опции во горниот десен агол. Потоа изберете Вклучи Приватно споделување (Private Sharing). Откако пораката ќе биде испратена, можете да проверите што сте испратиле и да го промените датумот на истекување или да ги повлечете дозволите за споделување.
▲ Избери датотека (Select File) > Quick Share > Три точки (повеќе опции) (Three dots (More Options) > Вклучи (Turn on) Приватно споделување (Private sharing)
Повеќе не треба да се грижите за погрешно споделување на приватна фотографија или датотека или дека вашите информации ќе паднат во погрешни раце. Со функцијата Приватно споделување (Private Sharing) на Quick Share, Вие ги контролирате податоците и одбирате со кого ќе ги споделите, и имате увид во статусот на споделување датотеки на секој чекор.
Enhanced Data Protection (Подобрена заштита на податоци) со Шифрирање од крај до крај
Еве еден момент во кој секој би испаничил. Добивате известување дека нешто не е во ред со веб-страницата што сте ја посетиле, а серверот каде што се зачувани Вашите чувствителни детали за сметката е компромитиран.
Никој не сака нивните податоци да протечат. Но, со функцијата Подобрена заштита на податоците (Enchanced Data Protection) на Galaxy, можете да бидете сигурни дека Вашите податоци се безбедни на Samsung Cloud.
Почнувајќи со серијата Galaxy S24, функцијата Подобрена заштита на податоци (Enhanced Data Protection) нуди дополнителна заштита за уредите на Galaxy кога ги синхронизирате или правите резервна копија на Вашите податоци со Samsung Cloud. Оваа функција ја намалува загубата на податоци преку функцијата Шифрирање од крај до крај (E2EE), со која податоците може да се шифрираат или дешифрираат само на Вашиот уред и не може да ги гледа никој друг освен Вие. Со други зборови, Вие можете да се поврзете со други уреди и да бидете безбедни, а Вашите податоци ќе бидат безбедни дури и ако серверот е компромитиран или деталите за сметката се украдат.
Кога ќе ја активирате функцијата Подобрена заштита на податоци (Enhanced Data Protection) ќе биде побарано од Вас да запишете код за обновување за да спречите губење на Вашите податоци во случај да го изгубите уредот.
За да ја користите функцијата Подобрена заштита на податоци (Enhanced Data Protection), отворете ја апликацијата Samsung Cloud, допрете ги трите точки за повеќе опции, изберете Поставки, а потоа Подобрена заштита на податоци (Enhanced Data Protection). Од тука, можете да изберете да шифрирате резервна копија или синхронизирани податоци. Алтернативно, можете да ги отворите Поставките на Вашиот уред и да отидете во Безбедност и приватност за да ја најдете оваа функција.
▲ Samsung Cloud > Три точки (повеќе опции) (Three dots (More Options) > Поставки (Settings) > Подобрена заштита на податоци (Enhanced data protection)
▲ Поставки (Settings) > Безбедност и приватност (Security and privacy) > Повеќе безбедносни поставки (More Security Settings) > Подобрена заштита на податоци (Enhanced data protection)
Шифрираните податоци од крај до крај се достапни само на уреди кои ја користат функцијата Подобрена заштита на податоци (Enhanced data protection) и до нив не може да пристапи никој друг, вклучително и Samsung.
Знаеме дека нашите корисници сакаат безбедно да уживаат во својот живот знаејќи дека нивните уреди и податоци се заштитени. Galaxy ви го овозможува токму тоа – да уживате знаејќи дека го чуваме Вашиот грб.
Комерцијален текст