Ердоган: Израел е закана за човештвото, не само за Палестина и Либан

Макфакс

30/07/2024

17:06

1.409

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска на состанокот на покраинските претседатели на неговата партија АКП изјави дека Израел е закана не само за Палестина и Либан, туку и за целото човештво и за светот.

„Единствената земја во нашиот регион што ја бара својата безбедност преку агресија, масакри и грабеж на земјиште е Израел. Земјата која се однесува како терористичка организација е Израел“, рече тој.

Тој посочи дека Израел „извршил варварство што ќе го засени Хитлер“, а Газа денес е најголемиот логор за истребување, пренесува Анадолија.