[ВИДЕО] Ердоган му „удри шамарче“ на момче затоа што не сакаше да му бакне рака: Потоа го прегрна и му даде џепарлак

Точка

29/07/2024

13:20

2.502

Големина на фонт

а а а

Бакнувањето рака на постар човек е обичај во Турција и подразбира покажување почит кон постарата личност. Видеото на кое се гледа како турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му „удира шамарче“ на момче затоа што не сака да му бакне рака, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

Тој момент се случи за време на церемонијата на отворање на реновирани куќи во северната провинција Ризе овој викенд.

По говорот, Ердоган на сопствениците им ги подели клучевите од реновираните куќи.

Две момчиња од едно семејство излегоа на сцената пред своите родители. Кога излегоа на сцената, Ердоган им подаде рака, но едно од момчињата збунето го гледаше турскиот претседател неколку секунди и потоа одби да му ја бакне раката.

Ердоган по тој момент му „удри шамарче“ на младото момче. Потоа момчето му ја бакнало раката на Ердоган, а Ердоган извадил пари од џебот и му дал џепарлак.

Потоа, на Ердоган му пришол постариот брат на момчето, кој веднаш му ја бакнал раката на Ердоган и веднаш добил и пари.

Бакнувањето рака на постар човек е обичај во Турција и подразбира покажување почит кон постарата личност. Реакцијата од страна на Ердоган, некои ја толкуваат како реакција која не била соодветна, додека други ја сфаќаат како „шега“ кон „непослушноста“ на младото момче.

Да потсетиме, претходно за време на инаугурацијата, Ердоган исто така „на шега“ удри момче по глава додека мафташе со лента.