Овој пијалок го претвора мажот во вистински ѕвер во кревет: Доволна е една чаша и веднаш се претвора во Казанова

Точка

28/07/2024

21:30

33.912

Големина на фонт

а а а

Доколку се конзумира во умерени количини, овој пијалок може да биде потенцијално корисен за мажи со еректилна дисфункција.

Момците кои сакаат да ги подобрат своите вештини во кревет би можеле да имаат корист од конзумирање на вино, тврди новото истражување. Истражувачите ги проучувале студиите од последните 30 години и откриле дека консумирањето умерено количество црвено вино може да ја зголеми нивната желба за секс, како и нивната техника во кревет.

Виното може да помогне при проблеми како еректилна дисфункција и да го зголеми тестостеронот, стои во извештајот објавен во Journal of Clinical Medicine.


Студијата наречена „Црвено вино и сексуалната функција кај мажите“, исто така, покажа дека виното може да им помогне и на жените да ја зголемат својата сексуална желба. Полифенолите се моќни антиоксиданси кои ја подобруваат функцијата на внатрешната обвивка на срцето и крвните садови. Ова го подобрува протокот на крв во други делови од телото, како што се гениталиите.


Авторите на извештајот напишале: „Интересно е што жените кои умерено консумирале една до две чаши црвено вино дневно покажале повисоки резултати за сексуална желба и влажност со севкупно подобрување во сексуалната функција во споредба со жените кои не пиеле црвено вино“.

Истражувачите велат дека тајната на успехот лежи во умереното пиење. Тоа е затоа што премногу пиење може да му наштети на вашиот сексуален живот и целокупното здравје.

Полифенолите имаат моќни антиоксидантни својства кои ги спречуваат слободните радикали и другите хемикалии да предизвикаат оксидативен стрес кој може да ги оштети клетките. Оксидативниот стрес е поврзан и со голем број здравствени проблеми како што се рак, срцеви заболувања, мозочен удар, артритис, имунолошки нарушувања, Паркинсонова болест и други состојби.


Во извештајот се заклучува дека „црвеното вино, доколку се консумира во умерени количини, може да биде потенцијално корисно за пациентите со еректилна дисфункција, како и дека може позитивно да влијае на репродуктивната функција преку механизми кои зависат од вазорелаксирачките својства на црвеното вино и неговите антиоксидантни својства.

Се препорачува мажите и жените редовно да пијат не повеќе од 14 единици алкохол неделно, што е околу 10 мали чаши вино.