[ФОТО/ВИДЕО] Кабаре издание и розови пердуви: Музички спектакл на Лејди Гага на отворањето на Олимписките игри

Точка

26/07/2024

21:22

4.093

Големина на фонт

а а а

Вечерва во Париз на реката Сена почна свеченото отворање на 33. Олимписки игри. Тоа е првпат во историјата на Олимписките игри церемонијата да не се одржува на стадион, туку на реката.

Церемонијата започна со огномет во боите на Франција на реката Сена, а спектаклот го отвори популарната пејачка Лејди Гага, која пееше и танцуваше во кабаре стил опкружена со неколку танчери, но и многу розови пердуви. Гагa носеше црна модна комбинација, покрај неа имаше розови пердуви, а црна облека носеа и нејзините танчери. Таа се симна по скалите во елегантен црн фустан, а само неколку моменти подоцна остана во црн корсет и тесни шорцеви.


Лејди Гага ја испеа на француски јазик, песната „Mon truc en plumes“ од Зизи Жанмарис.

Традиционално, пред огромен број посетители први продефилираа претставниците на Грција, а потоа по азбучен ред беа претставени претставниците на земјите.

На свеченоста присуствуваат бројни познати личности од светот на спортот, забавата и политиката.

Пејачката пред неколку дена пристигна во Париз. Гага е блиска со Французите бидејќи во филмот „Ѕвездата е родена“ ја отпеа песната „La Vie en Rose“ од познатата француска пејачка Едит Пјаф.

На отворањето на Олимписките игри треба да настапи и Селин Дион. Францускиот магазин „Паризиен“ претходно во текот на денот објави дека Селин Дион и Лејди Гага ќе изведат песна од легендарната Едит Пјаф.

За првпат во историјата свеченото отворање на Олимписките игри ќе се одржи надвор од стадионот, поточно покрај реката Сена која тече низ Париз. Наутичкото шоу ќе биде придружувано од 85 бродови на кои ќе има спортисти од секоја земја. Врвот на церемонијата ќе биде на Ајфеловата кула. Церемонијата ќе биде искористена за прикажување на најголемите париски знаменитости и ќе собере 3.500 танчери, актери и музичари.

Автор на церемонијата е театарскиот режисер Томас Џоли, познат по неговиот рок мјузикл „Старманија“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг