„Џака е врвен фудбалер, но тој е ку..а“

Макфакс

06/09/2024

15:51

5.222

Големина на фонт

а а а

Капитенот на швајцарската репрезентација, Гранит Џака, во четвртокот, беше исклучен во Копенхаген во поразот на Швајцарија од Данска од 2:0.

Всушност, фудбалерот на Баер Леверкузен познат е како фудбалер кој е сака да направи инцидент, но на „Паркен“ во Копенхаген, неговото „лудило“ ја мина границата.

Најпрвин доби жолт картон откако бурно протестираше по првиот гол на Данска. Данците не се прославија во таа ситуација, напаѓааа додека Емболо лежеше на тревата, не ја исфрлија топката, а во продолжение на акцијата постигнаа гол за 1:0.

Пет минути подоцна без топка го удри дефанзивецот на Фулам Андерсен и заслужено беше исклучен.

„Тој е врвен фудбалер, но тој е ку..а“, изјави Андерсен по мечот.

„Го познаваме Гранит, знаеме дека од време на време може малку да се налути на теренот. Таков е тој. Тој е играч што многу го почитувам, но понекогаш го губи разумот Изминатите неколку години успеваше да се контролира, но денес малку ја загуби главата“.

„Нема причина да се исфрли топката во аут. Правилата велат дека топката се исфрла доколку станува збор за повреда на главата. 100 отсто сум сигурен дека и тие не би ја исфрлиле топката“, Андерсен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг