Роналдо тргна да се жали кај судијата, Модриќ го испрати кон соблекувална

Дерби

06/09/2024

22:53

8.383

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо е лидер на Португалија и на 39-годишна возраст, но истото важи и за Лука Модриќ кој е една година помлад од својот добар познаник од Реал Мадрид.

Двајцата ја делеа соблекувалната во „кралскиот клуб“ и остварија огромни успеси на „Сантијаго Бернабеу“, а сега како капитени на Португалија и Хрватска вчера повторно ги одмерија силите на теренот.

Португалија беше поуспешна на отворањето на новата сезона во Лигата на нации и победи со 2:1, но еден од хајлајтите на мечот беше конверзацијата која ја имаа Роналдо и Модриќ по крајот на првото полувреме.

Роналдо во свој стил се жалеше кај главниот судија и имаше забелешки за одредени одлуки, а тогаш Модриќ го одвлечка Португалецот од судиите и си разменија неколку зборови на пат кон соблекувалните.

Двајцата имаат уште неколку симпатични моменти на теренот пред мечот и по крајот на истиот, по што Роналдо не криел дека е воодушевен што повторно го сретнал Лука на највисока фудбалска сцена.

– Јас и Модриќ се уште играме на највисоко ниво. Овојпат игравме еден против друг, но навистина беше убаво да се дели теренот со него. Имаме навистина добри односи, минавме многу работи во Реал Мадрид и многу ми е мило што го видов. Страшно сум среќен за се што прави во кариерата, ова се моменти кои ќе ги паметиме цел живот, – изјави Роналдо кој вчера покажа и многу емоции на теренот откако го постигна јубилејниот 900-ти гол во кариерата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг