[ВИДЕО] Кијану Ривс ги загрижи фановите: „Постојано размислувам за смртта“

Точка

26/07/2024

15:30

3.620

Големина на фонт

а а а

Многумина од нас избегнуваат да размислуваат за смртта, но не и Кијану Ривс. Американскиот актер пред објавувањето на својот прв роман „The Book of Elsewhere“ вели дека е добро да се размислува за крајот на животот и призна дека често размислува за смртта.

Во интервју за „Би-би-си“, американскиот актер Кијану Ривс изјави дека размислувањето за крајот на животот нѐ прави благодарни што сме живи.


„Имам 59 години, па постојано мислам на смртта“, откри Ривс.

На констатацијата на новинарот дека сè уште е многу млад, актерот вели дека се чувствува како млад старец.

„Размислувањето за смртта и конечноста е добро. Тоа нè прави благодарни за фактот што продолжуваме да дишеме воздух и врските што имаме потенцијал да ги имаме“, рече холивудскиот актер.

Ривс го пишува романот во соработка со познатата британска писателка на научна фантастика Чајна Мевил, а делото ќе следи еден бесмртен воин кој сака да му биде дозволено да умре.

„Мислам дека смртта е нешто за што треба да се размислува со голема почит. Можете да имате роман со забавни, експлозивни делови, а во исто време да зборувате за смртта и како таа нè прави луѓе“, изјави Мевил.




Спонзорирани линкови

Маркетинг