[ВИДЕО] Познатата актерка ја откри тајната на успешниот брак: Таа и нејзиниот сопруг спијат одвоено 40 години

Точка

26/07/2024

14:30

3.718

Големина на фонт

а а а

Актерката Бет Мидлер во ново интервју откри која е, според неа, тајната на успешниот брак. Имено, таа смета дека тоа значи спиење во посебни соби.

За време на гостувањето на „Entertainment Tonight“, таа изјави дека таа и нејзиниот сопруг Мартин фон Хазелберг спијат одвоено веќе 40 години.


„Мојот сопруг 'рчи“, додала таа. Тие се венчале во 1984 година во Лас Вегас, шест недели откако се запознале.

Таа изјавила и дека нивниот брак е голема авантура и дека од самиот почеток спијат одвоено, што се покажало корисно.

Претходно таа изјави дека тајната е во тоа што брачните партнери си даваат доволно простор. Бет верува дека слушањето и подготвеноста за компромис се подеднакво важни.


Во 1986 година ја добија ќерката Софи фон Хазелберг, за која Бет се изјасни дека е нејзино најголемо достигнување. Пофалните зборови не изостанаа и за нејзиниот сопруг, Мартин.

„Мојот сопруг е веројатно најдобриот татко досега. Тој е фантастичен“, рече таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг