Рафаел Надал пропушти шанса да слави на АТП турнирот во Баштад што за него ќе биде прва титула по пауза од две години.
Шпанецот имаше подеми и падови на турнирот, се бореше и стигна до финалето во кое остана без енергија, беше надигран од Нуно Боржес и тоа со 2-0 во сетови со 6:3 и 6:2.
- Нивото беше далеку од посакуваното. Исто така и нивото на енергија. Беше долга недела со долги натпревари. Иако немам повреди, што е важно, сепак чувствувам дека не сум навикнат да играм четири дена по ред и долги натпревари.
- Играв финале, тоа е позитивно. Успеав да издржам долги натпревари без да се повредам и тоа е добро. Некако овде вежбав многу подобро отколку што играв на натпреварите. И не сум задоволен со тоа. Дојдов тука со чувство дека играмна добро ниво, но не бев во состојба да го покажам цела недела. Сепак, ова беше финале, не можам да кажам дека е лош резултат бидејќи ми е прво после долго време, - истакна Надал.
Сега бикот од Мајорка ќе се фокусира на ОИ во Париз на кои ќе настапи во сингл и во дубл.