[ФОТО] Заборавете на Французинките, ова лето Скандинавките се божици на модата: Еве што носат оваа сезона – обожуваат различна, забавна гардероба

Точка

22/07/2024

20:00

20.127

Големина на фонт

а а а

Правила во светот на модата кога се Скандинавките во прашање, апсолутно не постојат … а кога ќе погледнеме фотографии од нивните модни недели, девојките кои доаѓаат на ревиите секогаш се облечени така што се прашуваме „како се сетила ова да го искомбинира?“.

Во нивните летни комбинации најмногу доминираат популарни парчиња како што се „Mary Jane“ балетанки, блузи со машнички и долги пижама панталони, но комбинацијата на парчиња е поинаква од она на што овде сме навикнати.


Еве како ова лето да се облечете како Скандинавка:

Бели ленени панталони и апостолки во боја


Белиот лен е особено популарен ова лето, а иако црните апостолки се популарни во секојдневните комбинации, Скандинавките мораа на овој тренд да додадат и доза уникатност и барем да ја променат бојата на своите обувки.

Капри панталони и потпетици


Иако капри панталони би носеле на патики или каубојски чизми, овие девојки одлучиле да ги направат малку поженствени, комбинирајќи ги со балетанки или високи потпетици.

Голема сламена торба (рафија)


Колку е поголема рафија торбата, толку подобро. Девојките XXL чантите ги носат ни повеќе ни помалку туку на пижама комплети. Удобност на прво место, нели?

Блуза со машнички и пуфкасти ракави


Да не постоеше брендот „Ganni“, немаше да го има ниту „лудилото“ за блузи со надуени ракави и машнички. Иако блузата ја ископирале бројни брендови, Скандинавките ја носат на најоригинален начин – со панталони во што повеќе забавни дезени.

Апостолки сандали со флип


Апостолките на високи потпетици со години било омразено парче, но на тоа дошол крајот, бидејќи сега ги носат сите Скандинавки.