Македонските ракометни надежи на крај ја совладаа Франција за девето место на ЕП

Дерби

21/07/2024

16:20

45.171

Големина на фонт

а а а

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на Европското првенство до 20 години во Словенија.

Денес избраниците на селекторот Раде Стојановиќ во Целје славеа против селекција на Франција🇫🇷 со резултат 30:29.

Со ова Македонија настапот на ЕП го заврши на 9-тото место.


Најефикасни во нашиот табор беа Дамјан Субашевски и Дамјан Митев со по шест погодоци, а зад нив беа Димитар Узунчев со пет гола и Мирче Калајџиески, кој постигна еден погодок помалку.